20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Блинкен во Африка се обидува да го спречи руското влијание

Најчитани вести

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна денес во Јужноафриканската Република во рамки на својата африканската турнеја чија цел е да го спречи влијанието на руската дипломатија, а ќе ги посети и Демократска Република Конго и Руанда.

Неговата турнеја следи по африканската турнеја на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во јули.

Јужноафриканската Република од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари има неутрален став кон конфликтот, одбивајќи ги барањата на Западот да ја осуди Москва.

Блинкен утре ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Јужноафриканска Република Наледи Пандор кога треба да ја објави новата стратегија на американската влада кон Африка, соопшти Преторија.

Ќе разговараат за најновите настани во светската геополитика, се наведува во соопштението.

Стејт департментот претходно соопшти дека целта на Блинкен е да им покаже на африканските земји дека имаат клучна геостратегиска улога и дека се важни сојузници во жешките проблеми на нашето време, од промовирањето отворен и цврст меѓународен систем до борбата против климатските промени, пандемијата и храната.

По Јоханесбург, Блинкен патува во Конго па во Руанда. Двете земји имаат нови тензии во односите, а Конго го обвинува својот сосед дека го поддржува бунтовничкото Движење на 23 март, што Руанда го негира.

Пред руската инвазија на Украина САД како главен ривал за превласт во Африка ја гледаше Кина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com