Home » Блашчак: Во Полска пристигнаа првите американски тенкови „Абрамс”

Блашчак: Во Полска пристигнаа првите американски тенкови „Абрамс”

by Журнал.мк

Првите американски тенкови „Абрамс” на кои ќе се обучуваат војниците од полската армија, пристигнаа во Полска, објави на Твитер министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Според министерот, на овој начин Полска ќе биде подготвена, кога ќе пристигнат и првите нови тенкови од серијата од 250, за што земјата има склучено договор.

„Полска ќе располага со современа, моќна сила, за да го изненади агресорот во случај на закана”, пишува во соопштението.

Договорот за купопродажбата на тие 250 нови тенкови „Абрамс”, потпишан на 5 април, е во вредност од 4,75 милијарди долари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk