10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

БЛАГ ПАД НА ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ НА БЕРЗИТЕ Цената на еврото достигна 1,1455 долари

Најчитани вести

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата недела порасна за речиси еден отсто и го достигна највисокото ниво во изминатите 16 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,02 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 95,11 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 113,90 на 113,85 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, така што цената на еврото достигна 1,1455 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 1,1445 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително ослабнаа, откако паѓаа три недели по ред.

На лондонскиот пазар утрово цената на барелот падна за 0,86 отсто, на 81,46 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,79 отсто на 80,15 долари.

На повеќето азиски берзи, цените на акциите пораснаа денескла, по серијата важни показатели од најголемите економии во регионот, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна од највисокото ниво во последните 16 месеци.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, околу седум часот порасна за 0,3 отсто.

На токиската берза индексот Никеи зајакна 0,5 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1 отсто. Во Хонг Конг и Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,1 отсто.

Индексот Никеи зајакна бидејќи инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки, откако беше објавено дека јапонскиот бруто домашен производ (БДП) падна за 3 отсто на годишно ниво во третиот квартал, значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

И на повеќето други азиски берзи, цените на акциите пораснаа, а инвеститорите беа охрабрени од добрите показатели од Кина, кои ги ублажија стравувањата од нагло забавување на закрепнувањето на втората по големина економија во светот.

Во октомври прометот во трговијата на мало е зголемен за 4,9 отсто во однос на истиот месец лани, повеќе од очекуваното, што укажува на силна домашна побарувачка.

И податоците за растот на кинеското индустриско производство се подобри од очекуваното.

Сепак, на кинеските берзи цените на акциите утрово благо паднаа, најмногу поради притисокот врз секторот за недвижности. Во последните недели секторот беше под притисок поради огромните долгови на компаниите во секторот и забавувањето на продажбата, а утринава беше објавено дека цените на новите станови во Кина паднале за 0,2 отсто во октомври во однос на претходниот месец, што е нивна најголема пад од февруари 2015 година.

Сепак, кинеските пазари не паднаа значително бидејќи инвеститорите веруваат дека централната банка таму дополнително ќе ја олабави монетарната политика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com