1 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Благодарници за учениците во спасувачките акции по земјотресот во Драч

Најчитани вести

Градоначалникот Шилегов и заменик-градоначалникот Енвер Малиќи им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од оштетените објекти.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести