Северина со години ја носи титулата една од најубавите жени на Балканот. Нејзината совршена линија и енергијата со која зрачи ја направија пример за многу жени. Затоа многу дами се прашуваат како Севе изгледа како божица и во петтата деценија од животот.
Иако многумина мислат дека Северина секој ден оди во теретана, тоа не е точно. Работи напорно, а кога не работи, сака да му даде одмор на своето тело.
– Доволно ми е да вежбам еднаш неделно, а кога се подготвувам за турнеја, тогаш тренирам три или четири пати. Вежбам рамномерно и го стресувам целото тело, а за совршен задник правам и „чучњеви“. На сите жени би им препорачала да прават по 100 чучнувања дневно и модната писта е нивна, изјавила сплиќанката.
Сепак, само вежбањето не значи ништо ако не се грижите за исхраната.
– Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и пешачам барем по половина час дневно, додала таа.
Таа ги отстранила сите висококалорични намирници од своето мени и ги заменила со овошје и зеленчук. Исто така, не консумира ништо што има вештачки бои и адитиви, се труди често да прави детокс на телото.
Затоа, штом станува, пие смути, во кое става моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш додава малку банана за да биде погусто, а тој оброк навистина ја заситува, па не е гладна до ручек.
Според медиумите, Севе носи облека со големина 36, а нејзините мерки се 95-61-95. Еднаш рекла дека јаде три јајца за појадок, риба филе за ручек и овошје за вечера. Нејзиното омилено јадење е сушито, а кога слабеела, редовно јадела риба.