Home Топ вести „Би им требале 12 трактори“: Не се знае каде затворениците ја носеле ископаната земја од тунелот во Идризово

„Би им требале 12 трактори“: Не се знае каде затворениците ја носеле ископаната земја од тунелот во Идризово

by admin

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ зборуваше за случајот со тунелот за бегство кој го ископале затвореници во затворот „Идризово“.

Негова проценка е дека приближно 12 трактори би биле потребни за да се изнесе таа земја од затворот. Не е јасно каде завршувала земјата, но Стојановиќ се сомнева дека постепено е фрлана во кеси во депонијата во близина, а потоа со ѓубретарка изнесувана надвор од затворот.

-Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам не е направено во еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, тоа е слабоста – рече Стојановиќ во Топ Тема на Телма.

Тој исто така се согласува дека условите во затворот не се добри, а како причина за тоа, ја наведе пренатрупаноста.

Стојановиќ потврди дека на 1.100 осуденици во Идризово има само еден лекар и еден психијатар кој доаѓа еднаш неделно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More