23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

„Би-Би-Си“ објави Топ 20 таленти на Евро 2020, помеѓу нив е и Елмас!

Најчитани вести

Со две успешни сезони зад себе во дресот на Наполи и над 200 натпревари во сениорска конкуренција, ЕУРО2020 може да биде сцена за уште повисоко реноме за „македонскиот дијамант“ наведува Би-Би-Си.

Пред стартот на Европското првенство, „Би-Би-Си“ објави листа од 20 млади играчи од кои се очекува многу во иднина и кои би можеле да остават голема фудбалска трага.

Покрај Елмас, во Топ 20 таленти на ЕП според „Би-Би-Си“ се наоѓаат уште: Жереми Доку (Белгија), Џордан Ларсон (Шведска), Жул Кунде (Франција), Адам Хложек (Чешка), Бечир Омерагиќ (Швајцарија), Рајан Гравенберх (Холандија), Оркан Кокчу (Турција), Александер Исак (Шведска), Алекс Крал (Чешка), Нуно Мендеш (Португалија), Џамал Мусиала (Германија), Саша Калајџиќ (Австрија), Халил Дервишоглу (Турција), Кристоф Баумгартнер (Австрија), Томас Суслов (Словачка), Камил Пјатковски (Полска), Јоско Гвардиол (Хрватска), Они Валакари (Финска) и Педри (Шпанија).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести