Home » Би-би-си: Во градот на спомениците нема споменик за Киро Глигоров

Би-би-си: Во градот на спомениците нема споменик за Киро Глигоров

by Журнал.мк

Би-би-си на српски јазик посвети текст во чест на годишнина од смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Во текстот се критикува дека „во градот на спомениците за него нема место“ и се додава дека- тој бил првиот претседател на независна Македонија, кој без војна ја извади својата земја од југословенската федерација на почетокот на 90-тите години на 20-ти век, се анализира во текстот. Во македонскиот главен град денеска еден од булеварите го носи неговото име, како и неодамна отвореното модерно училиште, се вели во анализата и се додава: Неговата статуа е дел од споменикот на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), политичкото тело на македонските партизани на крајот на Втората светска војна, во кој Глигоров ја имаше една од првите функции.

Но, за Глигоров нема посебен споменик, иако во градот во последната деценија се поставени голем број знаменитости, се вели во анализата на Би-би-си на српски јазик.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More