9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бијонсе стилски експериментира во едиторијал за „Harper’s Bazaar“

Најчитани вести

Бијонсе ја спојува високата мода со нејзината спортска колекција во соработка со adidas за септемвриското издание на „Harper’s Bazaar“.

39-годишната музичарка позираше во гламурозни креации од модни куќи како Гучи, Балман, Живанши и Диор, како и парчиња од новата колекција Ivy Park Rodeo.

Во интервјуто за списанието, таа зборуваше за еволуцијата на сцената и во личниот живот, но и за замислата за иднината.

„Желба ми е моите 40-ти да ми бидат забавни и исполнети со слобода. Секој ден сакам да ја чувствувам истата слобода која ја чувствувам на сцената. Сакам да истражувам аспекти од себе кои немав време да ги откријам и да уживам со сопругот и децата. Сакам да патувам без да работам. Сакам следнава декада да биде за прослави, радост и давање и примање на љубов. Сакам да им ја дадам сета љубов што ја имам на луѓето кои ме сакаат“ – вели таа.

Бијонсе најави и дека подготвува нова музика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com