Home » Бијонсе се враќа на сцената: По шест години пауза ќе го издаде својот нов албум!

Бијонсе се враќа на сцената: По шест години пауза ќе го издаде својот нов албум!

by Журнал.мк

Обожавателите на познатата пејачка се воодушевени од новиот албум „Renaissance“.

Бијонсе го објави долгоочекуваниот албум на кој работеше, по шестгодишната пауза.

Нејзиниот последен албум од 2016 година „Lemonade“ беше добро прифатен, па си постави висока задача.

Албумот содржи 16 нови песни, а работата на него траеше три години. Мирот за време на карантинот поради пандемијата предизвикана од коронавирусот и овозможи максимално да се посвети на новиот проект.

„Создавањето на овој албум ми даде простор да сонувам и да избегам во страшните времиња за целиот свет. Тоа ми овозможи да се чувствувам слободна и авантуристички настроена, во време кога ништо друго не се движеше“, изјави Бијонсе.

Наскоро пејачката може да се очекува и на насловната страница на познатиот магазин „Vogue“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk