Викендов светската дива Бијонсе со кратка порака го прослави четвртиот роденден на своите близнаци, ќерката Руми и синот Сер.
„Што е подобро од еден подарок – два“, напиша таа и им посака среќен роденден на нејзните најмали наследници.
Роденденската честитка беше испишана на црна позадина со бели букви , без дополнителни украси. Инаку, за Бијонсе е типично да додаде фотографија од личноста на која и посакува среќен роденден, но овој пат недостасуваа фотографиите од нејзините најмали наследници.
https://www.instagram.com/p/COZU_4GhgYS/?utm_source=ig_web_copy_link
Со оваа честитка пејачката продолжува вешто да ги крие близнаците од очите на јавноста.
https://www.instagram.com/p/CQEPaXcD23B/?utm_source=ig_web_copy_link
Во 2017 година, Бијонсе објави фотографија од трудничкото стомаче, најавувајќи дека таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи очекуваат проширување на семејството, а потоа објави и фотографија со едномесечни бебиња.