28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

БиХ се заканува со тужба за Фајзер

Најчитани вести

Босна и Херцеговина доби нови услови за испорака на вакцини преку механизмот Ковакс, а од оваа земја се бара директно да преговара со „Фајзер“, меѓутоа, Сараево одговара дека во случај на отсуство на најавените испораки, БиХ може да побара правда и на суд.

Босна и Херцеговина потпиша договор со Ковакс во септември 2020 година за набавка на 153.600 дози од вакцината на „АстраЗенека“ и 23.000 дози од вакцината на „Фајзер“, а БиХ плати повеќе од 10,5 милиони долари за таа цел, објави веб-страницата на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Помошникот министер за граѓански работи на БиХ во здравствениот сектор, Душан Којиќ, вели дека „пред БиХ постојано доаѓаат нови услови“, односно дека во петок ќе се одржи состанок за барањата на компанијата „Фајзер“.

РСЕ не доби коментар од претставништвото на „Фајзер“ во БиХ за новите услови за кои станува збор, а кои се споменуваат во Министерството за цивилни работи. Единствената потврда беше дека претставниците на оваа фармацевтска компанија ќе дојдат на состанокот на 26 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести