-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

БиХ повторно е на црвената листа на ЕУ поради бројот на заразени со коронавирусот

Најчитани вести

Европската унија го укина статусот на Босна и Херцеговина како „безбедна држава“ во врска со патувањата за време на пандемијата на коронавирусот.
БиХ е последната земја во регионот што е отстранета од листата на „безбедни земји“ составена од Словенија, која претседава со Советот на Европската унија. „Безбедни земји“ се оние кои имаат до 75 заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, а според Министерството за цивилни работи на БиХ од пред седум дена, Босна и Херцеговина има повеќе од 200 заразени на 100.000 жители.

Во текот на септември, поради зголемувањето на бројот на заразени лица, овој статус беше укинат и за другите земји во регионот што значи дека на граѓаните на тие земји им беше ограничено патувањето во ЕУ. И покрај ограничувањата, членките на ЕУ независно воведуваат правила за влез во нивните земји, така што сѐ уште е можно да се патува во многу земји со потврда за целосна вакцинација. Освен Босна и Херцеговина, Молдавија, исто така, го загуби статусот на „безбедна земја“ во новата ажурирана листа, додека Чиле, Кувајт и Руанда беа додадени на листата. Советот на Европската унија ја ажурира оваа листа на секои две недели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com