8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

БиХ го прогласи 11. јули за Ден на жалост поради геноцидот во Сребреница

Најчитани вести

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина го прогласи 11 јули 2021 година, Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, за Ден на жалост во тој ентитет на БиХ.

Објаснувајќи ја одлуката што ја донесе на денешната седница во Мостар, Владата на Федерацијата БиХ изјави дека за време на војната во 90-тите години „биле извршени бројни злосторства низ БиХ и дека се случиле трагедии од огромни размери“, но тоа „во смисла на бруталност и бројни жртви на најтешкото злосторство, геноцид, извршено во Сребреница “, пренесува порталот Кликс.

Денот на жалост се одбележува со задолжително спуштање на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје врз зградите на Владата на Федерацијата БиХ и институциите на тој ентитет.

На Денот на жалост е забрането одржување културни и забавни програми на јавни места во Федерацијата БиХ, а медиумските куќи се должни програмата да ја прилагодат на Денот на жалост.

Владата на Федерацијата донесе одлука за Ден на жалост откако оваа година, 11 јули не беше прогласен за ден на жалост на територијата на цела БиХ.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, вчера изјави дека тоа не е можно „од процедурални причини“, бидејќи Министерството за надворешни работи на БиХ го достави предлогот за таа одлука само вечерта на 6 јули.

Во недела ќе се одбележи 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од силите на армијата на Република Српска во јули 1995 година.

Утрово повеќе од 3.000 луѓе го напуштија Незук на тридневен „Марш на мирот“ кон Поточари, со цел да им оддадат почит на жртвите на геноцидот во Сребреница. Бошњаците ја поминаа таа патека во спротивна насока, од Поточари до Незук, во јули 1995 година, кога српските сили ја окупираа Сребреница, тогаш „безбедна зона“ на Обединетите нации.

Геноцидот врз Бошњаците во Сребреница е потврден со бројни судски пресуди, од Меѓународниот суд во Хаг, преку Хашкиот трибунал, до судовите во БиХ, Србија и Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести