19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Битиќи: Одвојувам од моите примања за пратениците, тие треба да ја изгласаат економската помош

Најчитани вести

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ги повика пратениците побрзгу да ги изгласаат законите од петтиот пакет на економска помош за справување со корона-кризата кои одамна се влезени во собраниска процедура, но дури изминатиот период се најдоа на дневен ред.

„Апелирам до Собранието да го направи тоа што треба, сите законски решенија за економските мерки да се донесат час поскоро. За нив може не е важна економската состојба, но нека се стават во улога на обичните граѓани. Укажав еднаш, повторно ќе кажам, да ги заборавиме нашите политички агенди. Да превладее разумот и се надевам дека сите ќе смогнеме сили. Јас одвојувам од моите примања, исто како и моето дете што одвојува од некои негови идни примања, за тие да се грижат за нас“, рече Битиќи.

Тој денеска во Скопје имаше заедничка прес-конференција со црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести