Home » Битиќи: Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

Битиќи: Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

by Журнал.мк

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата, напиша Битиќи во објава на Фејсбук.

Во моментот во Владата се одржува Економско-социјалниот совет на чиј дневен ред е висината на минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари.

Секој момент се очекуваат изјави од владините претставници, синдикатите и работодавачите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk