11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Битиќи кон угостителите: Сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите

Најчитани вести

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи не се согласува со констатацијата на Независната угостителска комора дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори.

Во одговор на новинарско прашање, Битиќи денеска посочи дека уште во првиот и вториот актикризен пакет имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор и оти само во делот на мерката за финансиска поддршка процентуално гледано искористеноста во овој сектор е солидна.

  • Advertisements –

Тој вели дека е отворен за комуникација со секого, но оти во овие тешки времиња сите треба да бидат разумни во очекувањата и можностите.

– Јас сум отворен да комуницирам дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Имаше период на изјаснување за собирање на предлозите за мерките. Ќе ги видиме и ќе разговараме, но треба да сфатиме дека во овие тешки периоди, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите, рече Битиќи, додавајќи дека сите ќе бидат помогнати во рамки на возможното.

Во однос на барањето на угостителите за средба до 25 јануари, Битиќи рече дека тоа би требало да се реализира доколку дозволат условите со Ковид ситуацијата, но оти има и други механизми како што е онлајн комуникацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести