0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Битиќи: Изминатите 3 години, докажавме како Влада дека сме стабилен партнер на бизнисот

Најчитани вести

Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица. Ова денес беше соопштено на прес конференцијата во Владата, кадешто беше потпишан договорот за државна помош за реализација на оваа инвестиција, а на која присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу.

Вицепремиерот Битиќи во своето обраќање на настанот ја поздрави одлуката на компанијата, која и покрај актуелната ситуација, одлучи да продолжи со реализација на својот проект, со што ја покажа довербата во економските политики на Владата на Република Северна Македонија и за позитивната деловна клима за инвестирање во земјата. Тој додаде дека е донесена правилна одлука, а Пурпласт ковид кризата ја препозна како можност со нови инвестиции во нови производствени линии да влезе во пост ковид периодот.

„Сакам да ја поздравам ажурноста на менаџментот на Пурпласт, кои досега веќе ја надминаа минималната сума на инвестиции предвидена во деловниот план, а која изнесуваше 4 милиони евра и инвестираа досега 5,1 милион евра во фабриката во Бунарџик, а за почеток се планира вработување на 40-50 лица. Се надевам декам ќе се остварат сите услови и дека развојните планови ќе продолжат, а тие предвидуваат инвестиции до 12 милиони евра и вкупно 215 работни места”, посочи Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека со отвореноста, посветеноста во креирање на уште подобра деловна клима, креирање на низа на мерки за поддршка на инвестиции во производството и стимулирање а извозните компании, Владата ја заслужи довербата на компаниите, а ќе се продолжи уште посилно и доследно во спроведувањето на намерите за подигнување на конкурентноста на македонската економија.

„Тоа може да го направиме само со привлекување на нови странски компании, но и со стимулирање на технолошкиот развој, модернизација и дигитализација на домашните компании, со освојување на нови пазари и градење на производствен бренд, кој во светот ќе се препознава по квалитетот . Изминатите 3 години, докажавме како Влада дека сме стабилен партнер на бизнисот. Сите преземени обврски во однос на договорите за државна помош, се навремено и целосно сервисирани. Заедно со компаниите создадовме цврсти конекции базирани на меѓусебна доверба, но и максимална посветеност во реализација на ветените и преземените обврски од двете страни”, подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести