Home » Битиќи во компанијата „Соко Горица“: Ги поддржуваме домашните компании за да се конкурентни на меѓународните пазари

Битиќи во компанијата „Соко Горица“: Ги поддржуваме домашните компании за да се конкурентни на меѓународните пазари

by Журнал.мк

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица“ ДООЕЛ Скопје.

При посетата, вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја.

„Соко Горица е извозно ориентирана компанија, тие извезуваат 97% од  производството во над 45 земји на 5 континенти, што ја прави конкурентна на меѓународниот пазар а сум среќен дека оваа домашна компанија е во моето портфолио за поддршка на инвестиции, затоа што тие континуирано инвестираат во автоматизација на производниот процес, во што партнерски ги следиме и поддржуваме постојано со финансиска поддршкa“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека особено го радува последна инвестиција на „Соко Горица“ во истражување и развој, каде тим на инженери и техничари ќе работат на создавање на техничко- технолошка шема на производство со висок степен на автоматизација и роботизација.

„Ова е иднината и новата економија која го следи развојот на 4-тата индустријализација, само вака нашите компании ќе ја зголемуваат нивната конкурентност, додадена вредност на производството и одржливоста и растот на долг рок. Оваа мерка за поддршка на инвестиции во истражување и развој или R&D која ја воведовме пред повеќе од една година, веќе дава резултати. 

На крајот на 2022 година исплативме рекордни 23 милиони евра, државна поддршка кон 410 компании, токму вакви како „Соко Горица“. 
Компании кои и покрај кризите инвестираат, се развиваат и се стабилни за нивните вработени, кои ги гарантираат нивните работни места и отвораат нови“, изјави Битиќи.

„СОКО Горица“ е домашна успешна компанија, семејна традиција која датира од 1994 година специјализирана во производство на овошни и освежителни пијалаци пакувани во популарните мали пакувања (200мл), светски познати како Doy-pack.

Сопственичката Горица Спасеска изрази голема благодарност до Владата за државната помош која и ја дава на компанијата, додавајки дека тоа влијае на нивната перформанса и ги прави конкурентни на пазарот.

„Благодарни сме за пордршката која ја добиваме во последните 5 години, првиот договор заврши, сега го потпишавме вториот договор за инвестиции кои планираме да ги направиме во наредниот период. Нашата генерација полека си заминува во логистика и доаѓаат млади. Се надеваме дека ќе има нови можности за соработка“, изјави Спасеска.

Владата на Република Северна Македонија преку кабинетот на вицепремиерот Битиќи, финасиски ја поддржува компанијата „Соко Горица“ со државна помош, по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, за инвестициски циклус од 5 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk