-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Битиќи: БРТ не може да биде поштетен за Скопје од автобуси стари 30 години

Најчитани вести

Вицепремиерот вели дека системот на јавниот превоз во Скопје е од 1980 година, а она што му треба на главниот град е решенија од 2040 или 2050 година, за каков што го смета проектот за БРТ
Бас рапид транзит (БРТ) системот не може да биде поштетен за Скопје од автобуси кои сообраќаат, а се 30 години стари, порача денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи зборувајќи за состојбите со јавниот превоз во главниот град.

„Мислам дека за жал состојбата во Градот Скопје е од 1980 година, не наликува на еден град кој е престолнина на земја што аспирира да биде членка на ЕУ. Во Град Скопје ни требаат решенија од 2040 или 2050 година и сметам дека БРТ е едно такво решение, а деталите мислам дека треба да им ги оставиме на техничките служби. Жалам што не се седнува и да се видат, да им остави на тие што се најразумни и најповикани да кажат кое е најразумното решение за превозот во Градот Скопје, а остануваме на ставот дека БРТ е решение кое треба да примени“,

рече Битиќи.
Проектот за БРТ-системот го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов. Проектот е вреден 70 милиони евра, а е поддржан од Европската банка за обнова и развој од каде што беше добиен и кредит. Меѓутоа, по промената на локалната власт, спроведувањето на проектот остана статус кво, а новата градоначалничка Данела Арсовска и мнозинството во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ сметаа дека БРТ не е еколошки исплатлив проект.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести