8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бислимоски – Постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е започната

Најчитани вести

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски изјави дека ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем. Според него, постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели.

„Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У пауер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби“, истакна Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Доколку се злоупотребат резервите и наместо да се балансира системот, како што наведе, тие се користат за комерцијални цели, тогаш би бил загрозен енергетскиот сектор. Тој посочи дека инцидентот во кој беше нападнат, како што рече, нема да го поколеба да работи исклучиво согласно законот.

Бислимоски беше нападнат во ресторан во скопското Дебар Маало, од страна на син на поранешниот функционер Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. МВР поднесе кривична пријава против напаѓачот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com