21.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

Бислимоски: Државата нема да дозволи големо поскапување на струјата

Најчитани вести

Државата нема да дозволи големо зголемување на цената на струјата. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија. Тој рече дека постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

Во вечерашниот „Економски магазин“ на Алсат, првиот човек на регулаторната комисија рече дека засега е рано да се каже колкаво ќе биде поскапувањето, но тврди дека „социјална експлозија“ нема да се случи. Сепак, според него, реалноста е дека поскапувањето е неминовно.

„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, рече Бислимоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com