4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Бислимоски: До Нова Година струјата не поскапува

Најчитани вести

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа, во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство да го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

-Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со присодниот гас а со тоа ќе се стабилизира и цената со ел енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе се преземаат мерки со цел да се стабилизира ситуацијата. Во однос на цената едно е сигурно, поскапување нема да има до крајот на годината, рече тој.

Бислимоски појасни дека во овој момент и ЕСМ заедно со Владата превземаат активности за да се обезбеди јаглен, со цел да се стабилизира цената на електричната енерија во земјава и таа помош пред се ќе се однесува на стопанството и ќе биде распределена на најправеден начин до сите потрошувачи на слободниот пазар.

-Премногу е рано да зборуваме што ќе биде од први јануари, бидејќи работите се менуваат како на филмска лента, во текот на декември ќе имаме поконкретни информации, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com