Home » Бил Гејтс резервирал луксузен ресторан само за себе – тоа што милијардерот го нарачал, ги зачудило сите…

Бил Гејтс резервирал луксузен ресторан само за себе – тоа што милијардерот го нарачал, ги зачудило сите…

by Lina Muslija

Кога станува збор за ексцентричните преференци во исхраната меѓу милијардерите, се истакнува името Бил Гејтс.

Без оглед на неговото богатство, Гејтс сака едноставност во исхраната, особено кога станува збор за ручекот – познат е по својата љубов кон чизбургерите.

„Доколку добиете место за ручек со Бил, ќе јадете бургери. Некој секогаш ќе биде испратен да земе храна од „Мекдоналдс“. Исто така, Бил е голем љубител на диеталната кока-кола“, изјавил директорот на неговата фондација, Џои Керел во едно интервју.

„Во текот на денот можам да испијам три или четири“, напишал Бил на својот блог, мислејќи на кока-кола зеро.

Љубовта на милијардерот кон газираните пијалаци го надминува дури и најпрестижното јадење во ресторан. Популарниот шпански готвач со Мишелинова ѕвезда, Јорди Круз, неодамна се присетил на необичната средба со Гејтс. Милијардерот го посетил наградуваниот ресторан во Барселона, оставајќи ги сите збунети со својот избор.

„Бил го резервираше цел ресторан само за себе. И, знаете ли што направи? Нарача диетална кока-кола и се врати во својот авион“, раскажал тој.

Според Круз, Гејтс го резервирал ресторанот цели два дена и додека неговата придружба уживала во кулинарските магии, Гејтс одлучил да пие само сок.

Менито за дегустирање на ресторанот од 313 долари содржи јадења како матен путер од лешник со кора од леб и кавијар, разни сосови, заедно со понуда за десерт наречен „глобус лижавче“ со јагоди во млечно чоколадо…

„Постојат луѓе кои имаат пари, но малку се уморни од сѐ. Тие помалку ги вреднуваат работите“, заклучил Круз.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk