Милијардерот, инвеститор и филантроп Бил Гејтс со текот на времето стана еден вид „техногуру“ на новата технолошка реалност.
Па така, соосновачот на Microsoft неодамна предвиде дека наскоро ќе пристигне технологија којашто, меѓу другото, ќе ги замени и паметните телефони.
Станува збор за производ на компанијата Chaotic Moon Studios – биотехнолошки уред кој ќе може да анализира и собира информации од човечкото тело.
Оваа „електронска тетоважа“ ќе може да складира здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме заболувањата и, со текот на времето, да ги подобриме работите како што тоа го прават спортистите. Иако оваа „е-тетоважа“ е сè уште во развојна фаза, познато е дека ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружни микроуреди коишто испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило коешто спроведува струја.