17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Били Ајлиш падна на сцената на „Коачела“

Најчитани вести

Американската пејачка Били Ајлиш објави видео на Твитер во кое објаснува како се сопнала на сцената на фестивалот „Коачела“. Причината за нејзиното паѓање биле изгаснатите светла додека таа излегувала на сцената.

Додека ја изведуваше песната „Getting Older“, 20-годишната пејачка најпрво падна со лице на сцената и со шега на своја сметка го продолжи настапот.

Во видео споделено на Твитер од обожавател, Ајлиш се смее за ситуацијата и објаснува дека „се сопнала“ додека светлата се затемниле.

Шоуто на Ајлиш продолжи со што таа ги изненади обожавателите со специјалното гостување на пејачката Хејли Вилијамс од рок бендот Paramore. Тие двете заедно ја изведоа песната на Ајлиш „Happier Than Ever“ и хитот на Вилијамс „Misery Business“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com