11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

„Билд“: Лавров полета за Пекинг, па се врати во Москва

Најчитани вести

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров синоќа со авион полета за Пекинг, но некаде на половина пат, над Сибир, се врати на аеродромот во Москва, дознава германски „Билд“. Како што наведува весникот, авионот поминал 2.800 километри, пред да се врати на аеродромот.

Не е јасно што точно се случило, додава весникот, дали Пекинг можеби одбил да го прими Лавров или, пак, Путин му наредил да се врати назад.

„Дали е неизбежна нова руска ескалација на конфликтот? Што значи откажувањето на патувањето за Кина, за војната во Украина и ситуацијата во Кремљ?„ се прашува „Билд“.

Медиумот потсетува дека според одредени американски извештаи, Москва побарала и финансиска и воена помош од Пекинг, нешто, што двете земји го демантираа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com