Баерн Минхен пред неколку дена го отпушти Нико Ковач, откако доживеа дебакл против Ајнтрахт Франкфурт со 1-5.
Управата тргна во потрага по наследник на хрватскиот тренер, а како кандидати се споменуваа Арсен Венгер, Жозе Мурињо, Тен Хаг и неколку други.
Сепак, Тен Хаг не сака да го преземе германскиот гигант во моментов, додека Баварците денеска добија „корпа“ и од Ралф Рагник.
„Билд“ пишува дека сега апсолутен фаворит за тренерското столче во Минхен е легендарниот Венгер.