Home » Била невина, а тој 15 години постар од неа: На нивната свадба гостите доаѓале со хеликоптери, но љубовната идила згаснала – тој никогаш не престанал да ја сака

Била невина, а тој 15 години постар од неа: На нивната свадба гостите доаѓале со хеликоптери, но љубовната идила згаснала – тој никогаш не престанал да ја сака

by Lina Muslija

Во петокот Илон Маск на својата поранешна сопруга, актерката Талула Рајли, на социјалната мрежа Твитер ѝ честитал поради тоа што се верила со актерот Тoмас Броди Сангстер.

Тоа е само уште еден доказ дека поранешните парови навистина можат да останат пријатели по разделбата, а тие двајца го задржале блискиoт однос по навистина бурниот однос којшто се состоел од дури две венчавки и три обиди за развод и многу необични и интригантни детали, па познато е дека богаташот истакнува дека и натаму ја сака.

Како се засакале Илон Маск и Талула Рајли?

Нивната љубовна приказна започнала во 2008 година кога Талула имала 22 години, а милијардерот 37 и штотуку се развел од својата прва сопруга Џастин Вилсон. Тие се запознале во лондонски ноќен клуб, а се вериле само 10 дена подоцна.

Всушност, тој 6 седмици претходно ги потпишал документите за развод, а во тој брак добил пет деца, близнаците Грифин и Вивијен и Каи, Саксон и Демијан.

Талула прво помислила дека Маск е навистина срамежлив, а првото нешто кое ја прашал било дали може неговата дланка да ја стави на нејзиното колено, а во текот на утрешниот ден ја повикал на појадок. Потоа следела покана за ручек, па за вечера. Набрзо потоа завршиле и во хотелска соба, но само зборувале за ракети.

Нивната љубов била неприфатлива за таткото на Талула – Даг Милбурн којшто го пребарал името на Илон Маск на интернет и сфатил дека тој е оженет човек којшто има пет деца. Ѝ кажал на ќерка си дека тој е „плејбој“ и ѝ наредил да му порача дека нема да оди со него на вечера.

Меѓутоа, Талула не го послушала својот татко и веднаш потоа се верила со Маск и се вселиле во неговата вила во Лос Анџелес. Тука живееле и неговите деца, па целата работа станала навистина сериозна.

Во интервју за „Evening Standard“ во 2012 година, открила дека тогаш била девица и дека имала само едно момче пред Маск.

„Никогаш не сум спиела со никој освен со Илон, што е убаво“.

Таа открила дека верувала дека не треба да влегувате во односи пред бракот, а тоа му го пренела и на своето момче Илон. Илон ја прифатил и парот имал навистина добар однос, како што тврдат.

„Јас сум срамежлива. Не пијам. Испив една голтка алкохол и беше одвратно. Не пијам ниту кафе ниту чај, како дете сум, сакам сокови и топло чоколадо“, изјавила Талула.

Парот се венчал во 2012 година, а гостите на венчавката им доаѓале со хеликоптер и приватни авиони. Таа тогаш имала само 24 години, а сѐ делувало толку идилично, но не за долго време. Тие се развеле во 2012 година.

Талула добила 16 милиони долари од сопругот, а тој напишал на Твитер дека „ќе ја сака засекогаш“ и дека тоа биле „прекрасни четири години“.

Меѓутоа, една година подоцна повторно се венчале, па во 2014 година повторно поднеле барање за развод, но се откажале 7 месеци подоцна.

Во март 2016 година, Талула повторно побарала развод и тогаш официјално се развеле. Тие немале деца. Парот останал во пријателски односи, а Маск тогаш говорел дека „никогаш не треба да кажете никогаш“ и дека секогаш треба да верувате во брак.

„Раскинавме само неколку месеци да видиме дали раздвоеноста навистина ќе нѐ раздели. Ја сакам, но не ја сакам. Не можам да ѝ го дадам тоа што таа го сака. Не сакав да имам краток брак, но би сакал да бидам сигурен следен пат дека тоа е тоа вистинското, пред да се оженам“, изјавил Маск.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More