37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Бизнис конфедерацијата иницира модел за порамнување меѓу компаниите

Најчитани вести

Модел за порамнување меѓу компаниите, што ќе овозможи поефикасно решавање на прашањето на внатрешниот долг меѓу деловните субјекти, кој, со усогласување на системот меѓу финансиските институции надлежни за овие прашања, може во голема мерка да учествува во намалувањето на внатрешниот јавен долг, презентираше делегација на Бизнис конфедерацијата, предводена од извршниот претседател Миле Бошков, на средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Заев и Битиќи ја поздравија оваа иницијатива и истакнаа дека предлозите што доаѓаат непосредно од бизнис заедницата се секогаш добредојдени особено кога станува збор за унапредување на финансиското работење на компаниите, информираше денеска владината прес-служба.

Заев потенцираше дека предлозите за усовршување на финансиското работење, како што е предлогот за поефикасно уредување на должничко-доверителските односи меѓу компаниите и меѓу нив и јавниот сектор, истовремено значи зголемување на даночната основица, нови приходи кои учествуваат во БДП на државата како и намалување на даночната евазија.

Истакна и дека бизнис заедницата во Владата секогаш има конструктивен партнер за соработка кога станува збор за иновативни решенија во економско-финансиското работење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести