19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Бизнисмени, политичари и членови на кралцки семејства преку врски одат во Дубаи да се вакцинираат против Ковид-19

Најчитани вести

Голем број бизнисмени, политичари и членови на кралски семејства дошле во Обединетите Арапски Емирати во изминатите месеци, каде што пријатели на високи места им помогнале да се вакцинираат против ковид-19.

Британскиот финансиер Бен Голдсмит и директори во „Софтбанк“ се меѓу оние кои ја искористиле отвореноста на ОАЕ, чии власти и кралско семејство дозволиле и странски државјани да се имунизираат откако земјата се снабди со огромни количества вакцини.

Марк Мејчин беше принуден да поднесе оставка од функцијата шеф на најголемиот пензиски фонд во Канада откако се дозна дека со партнерката, спротивно на препораките, отпатувал за Дубаи за да се вакцинира. Меѓу оние кои се вакцинирале во ОАЕ се и двете сестри на шпанскиот крал Фелипе, како и низа државјани на Индија, Пакистан и Либан.

Со шест милиони дадени дози на 10 милиони жители, ОАЕ ја спроведува една од најбрзите програми на вакцинирање против ковид-19 на светот. Земјата се снабди со доволно вакцини да го вакцинира целото свое население и планира и самата да почне да ја произведува вакцината на кинеската компанија „Синофарм“.

„Луѓе кои имаат врски доаѓаат овдека и се вакцинираат на она што се нарекува пријателска основа. Шеиците имаат пристап до сопствени залихи и свои места каде што се спроведува вакцинирање“, изјави еден инвеститор упатен во процесот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести