23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Бизарен обичај во Индија – девојчињата се мажат со животни, а најчест избор се кучињата

Најчитани вести

Повеќето необични ритуали и обичаи на кои сме сведоци потекнуваат од Индија, па затоа не е ни чудно што во оваа земја постои заедница во која е легално (дури и пожелно) да се венчате со животно.

„Сопружник“ може да биде било кое животно по избор, а помеѓу најпопуларните се кучињата.

Во време во кое живееме, сведоци сме на тоа дека луѓето се одлучуваат на брак со кукли, предмети или се венчаат сами со себе, меѓутоа венчавката со животни во Индија е вообичаена пракса. Иако ниту една земја законски не признава брак помеѓу човек и животно, од друга страна традицијата го дозволува тоа.

Племето Сантал верува дека детето е во голема опасност од црна магија во периодот кога му растат млечни заби, а најдобра заштита е да стапи во брак со куче.

Во едно друго племе, кога девојчето ќе го добие првиот циклус или ако родителите сметаат дека е „маѓепсано“, треба да се омажи за дрво од банана или куче како дел од ритуалот. Секако, овие бракови се исклучително ритуални и децата подоцна во животот можат да се венчаат со луѓе.

Иако постои пракса оваа иницијатива да се искорени, се чини како претешка задача со оглед на тоа што овие обичаи се длабоко всадени во верувањата на индиските племиња.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести