-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Бејл повторно се повредил

Најчитани вести

Фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“ соопшти дека Герет Бејл кратко ќе отсуствува од тренажниот процес поради повредата на бутниот мускул. Претходно Реал ги потврди и повредите на Марсело и Еден Азар.

АС, повикувајќи се на извори од клубот, пренесе дека Бејл ќе отсутвува една недела бидејќи неговата повреда не била сериозна. Велшанецот малку ќе одмори бидејќи во клубот не сакаат да ризикуваат влошување на повредата.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, ќе може да смета на услугите на Бејл за дербито со Барселона (18 декември), додека „Ел Калсико“ ќе го пропуштат Марсело и Азар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести