19 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Бејл добил две опции: Или да си замине, или целата сезона да ја помине на трибините

Најчитани вести

Откако Реал Мадрид веќе ги ангажираше Еден Азар, Лука Јовиќ и Родриго, од „Кралскиот клуб“ решија да се ослободат од неколку фудбалери, а прв на таа листа се чини дека е Велшанецот Герет Бејл.

Иако е јасно дека Зинедин Зидан нема да смета на услугите на Бејл идната сезона, сепак се чини дека Велшанецот се уште не сака да го напушти клубот. Бејл неодамна изјави дека доколку е потребно, ќе игра голф цела сезона, но нема да си замине.

Сепак, Зидан наводно деновиве им соопштил и на луѓето од управата на клубот дека воопшто нема да смета на Бејл за идната сезона, па Велшанецот би можел навистина цела сезона да ја помине на трибините.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Бејл добил две опции од управата на Реал – или да си замине, или пак да остане и цела сезона да ја помине на трибините.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com