21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Бејли ќе остане на „Олд Трафорд“

Најчитани вести

Ерик Бејли и во однина ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Бејли, во Јунајтед пристигна во ерата на Жозе Мурињо од Виљареал.За пет години, не успеа да го покаже сиот свој потенцијал, поради честите повреди. Сепак, клубот реши да му го продолжи договорт кој му истекуваше по завршувањето на сезоната.

Според новиот договор, Бејли ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2024 година.

„Во период од пет години продавав цигари и мобилни телефони низ улиците на Абиџан и играв во најголемиот клуб во светот. Животот е чудо! Кога ја примив првата плата, се сеќавам дека на сите во семејството им купив подароци. Навистина бев пресреќен“, рекол Бејли.

Бејли, поради честите повреди, за Манчестер јунајтед има одиграно само 62 натпревари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести