19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Беше голема германска ѕвезда, играше и за Реал, а сега уапсен за детска порнографија!?

Најчитани вести

Се сеќавате на Кристоф Мецелдер, поранешниот германски репрезентативец со богата кариера од Шалке, Борусија Дротмунд, Реал Мадрид…? Овој фудбалер сега е во голем проблем, зашто бил уапсен поради – детска порнографија.

Мецелдер (38), како што објави „Билд“ бил уапсен во голема рација на германската полиција, а при претресот на куќата во Хамбург, биле пронајдени документи и видео-снимки со детска порнографија, па сега се соочува со обвинение за нелегално поседување и трговија со таква детска порнографија.

„Отворено е досие против 38-годишен Германец поради сомнение за недозволено поседување и трговија со детска порнографија. Тука вклучува и снимки“, рекла портпаролката на хамбуршката полиција.

Инаку Мецелдер бил на курс за тренери, кога го изненадила полицијата. Наводно, како што објави „Билд“, пријавата против Мецелдер ја поднела жена, која една година била во врска со него, а пријавата ја поднела откако бившиот германски фудбалер на „Вотс Ап“ ѝ испраќал слики со детска порнографија.

Овој фудбалер во 2013 година замина во пензија, а во Германија многумина се изненадени, зашто за време на фудбалската кариера тој не беше ниту еднаш замешан во некаков скандал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com