Во дворот на фабриката АДИНГ АД во Скопје денеска ќе се одржи едукативно-стручен настан за производство на бетон, насловен „Бетон. Ск“, во организација на фабриката, Градежниот факултет при УКИМ во Скопје и средното училиште „Здравко Цветковски“.
Настанот е во рамки на серија настани насловени „Скопско асеизмичко лето“ посветени на одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес.
Како што појаснуваат организаторите, главна цел на овој едукативно-стручен настан посветен на производството на бетон како најмногу употребуван и истовремено најчувствителен на импровизации конструктивен материјал, е подигнување на јавната свест за потребата, значењето и улогата на квалитетно домашно градежништво, а со тоа и на отпорните градби кои се единствен одбранбен механизам од дејството на земјотресите и другите природни хазарди