23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Бетел: Не бараме суперѕвезда, потребен е компромис за челниците на ЕУ

Најчитани вести

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел очекува лидерите на ЕУ денеска да постигнат компромис за назначувањето челници на европските институции.

-Не бараме суперѕвезда, бараме кандидат со можен консензус, рече Бетел пред почетокот на преговорите од вонредниот самит во Брисел.

Премиерот на Луксембург оцени дека претставниците на Европската народна партија имале „проблем” за време на вчерашните разговори и додаде дека се надеваат дека се „рестартирани” за време на паузата.

-Очекувам договор и се надевам дека ќе ги поделиме работните места на двајца мажи и две жени, рече Бетел.

Тој потврди дека меѓу кандидатите за комесар на Европската комисија, комесарката Маргарет Ветсагер ги има сите квалификации како и Франс Тимерманс и Манфред Вебер.

Лидери на ЕУ денеска се собираат во Брисел во обид да предолжат преговори за именување за водечки функции за ЕУ институциите. Трет ден по ред лидерите во ЕУ ќе се обидат да изнајдат компромис за имињата на идниот претседател на ЕК. Во пакет се бираат претседател на ЕС, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Пред состанокот средба имаа од Вишеградската четворка кои вчера отворено се спротиставија за избор на холандскиот социјалист Франс Тимерманс за шеф на ЕК.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека со цел постигнување договор за именување лидери во институции на ЕУ сите актери мора малку да отстапат од своите почетни ставови.

– Сметам дека секој мора да разбере дека мора малку да ги помести своите почетни ставови. Така ќе добиеме шанса да постигнеме договор, изјави Меркел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести