Home » Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли

Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли

by Журнал.мк

Во Здружението на пензионери во Тетово денеска започнаа бесплатни прегледи со ехо апарат со цел рано откривање на рак кои ги спроведува д-р Павле Спасеновски. Активноста се организира по повод Неделата за борба протв рак, а прегледи ќе има и во четврток и петок.

Специјалистот за ЕХО дијагностика упатува апел што повеќе луѓе да ја искористат можноста за преглед бидејќи се повеќе има заболени луѓе од оваа болест.

-Акцијава е во соработка со Црвен крст Тетово и се прават бесплатни прегледи со ЕХО апартат на дојки и тироидна жлезда, за сите возрасти важи. Досегашните моите согледувања во оваа амбуланта се поразителни со тоа што ако кажам дека кај 50 отсто од прегледаните се наоѓа малигнитет, што можам да го оценам како катастрофа. Причина е стресната состојба. Жално е но порано карциномот на дојките беше дијагностициран кај повозрасни личнсоти, а сега има и околу 30 годишни жени. Тредовно да прават годишни прегледи. Мамографија треба да направи за да се утврди дијагнозата. Мојата препораката е сите жени да се контролираат, ЕХО е најточно за рано откривање на болеста. Самоконтролата е најважна работа, секое женско лице да ја провери состојбата на дојките, а ако почувствува некоја разлика да се јави на лекар, изјави д-р Павле Спасеновски.

Докторот потенцира дека карцином на дојка може да се открие и кај мажи, иако во еден процент, но во неговата повеќедецениска работа открил пет такви случаеви во тетовскиот регион.

-Кај машките е потешко да се открие затоа што касно доаѓаат и нема симптоматологија. Може да се најде само тврда грутка, неподвижна и колку е да мала, треба да се провери. Затоа правиме вакви бесплатни прегледи и апели сите да дојдат и да се прегледаат, рече д-р Спасеновски.

Прегледите во просториите на Здружението на пензионери во Тетово во четврток и петок ќе се извршуваат од 10 до 14 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk