Home » Беснеел и ја навредувал екипата: Бали-бег прогласен за виновен, за малку ќе завршел во затвор

Беснеел и ја навредувал екипата: Бали-бег прогласен за виновен, за малку ќе завршел во затвор

by Журнал.мк

Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит, популарниот Бали-бег, е прогласен за виновен поради навреда на екипата за време на снимањето на една серија. Актерот добил лесна казна, веруваат многумина.

Обвинителството при поднесување на обвинителниот акт побарало затворска казна од четири години и еден месец. Но, тоа не се случило, а според адвокатите на жртвите, 150 лица сведочеле за навредите што Бурак ги упатувал кон своите клиенти.

Сепак, судот го прогласил актерот за виновен и донел решение за условна казна од 3.000 лири или 30 лири во следните сто дена. Со оглед на тоа што ова му е прв прекршок, судот одлучил казната да биде условна, односно Озчивит да не мора да ја плати казната доколку нема други прекршоци.

Како причина за ваквата одлука се наведуваат некои олеснителни околности за актерот. Како што се испоставило, неговото незадоволство од работата на дел од екипата за време на снимањето на серијата било оправдано.

Дел од екипата, односно вработените кои биле предмет на навреди на Бурак, ги занемарувале своите обврски, се однесувале дрско и непрофесионално, не го обезбедувале соодветно коњот на Бурак за време на снимањето, поради што актерот за малку ќе паднал од него во полн галоп.

Кога земале сè предвид, судиите го осудиле Бурак за недоличниот речник што го користел во состојба на лутина, но се вели дека е разбирливо.

Поради оваа причина Бурак се извлекол само со условна парична казна од случајот во кој обвинителството барало повеќегодишна затворска казна.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More