Home » Бесими – Светска банка: Подготвуваме решенија за инвестиции на компаниите во зелена и дигитална трансформација

Бесими – Светска банка: Подготвуваме решенија за инвестиции на компаниите во зелена и дигитална трансформација

by Журнал.мк

Министерството за финансии заедно со Светска Банка работи на воспоставување инвестициски фондови во земјава за поддршка на компании во сферата на зелената и дигитална трансформација. Решенијата кои се во фаза на подготовка, а се дел од нацртстудијата подготвена од нивна страна, беа дискутирани на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност предводена од Масимилијано Паолучи, постојан претставник на СБ во земјава.

Станува збор за инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР, како и стратешки инвестициски фонд за поддршка на инвестиции во ТИРЗ и инфраструктурата во зоните.

Воспоставувањето на овие фондови произлегува од потребата за финансиска поддршка на компании кои се во фаза на основање и компании на кои им требаат средства за развој, но не можат да ги обезбедат во традиционалниот банкарски сегмент, како и за инвестиции на компаниите во проекти за намалување на штетното влијание врз животната средина и енергетската ефикасност.

Инвестициите во иновации, нови производи, дигитална трансформација, проширување на нови пазари, модернизација на опремата, подобрување на продуктивноста и воведување еколошки стандарди во производството ќе придонесат за закрепнување на претпријатијата во пост-ковид периодот и придонес кон забрзан економски раст.

Двата фонда се дел од предвидените финансиски инструменти во Планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, со кој ќе се поддржат инвестиции од јавниот и приватниот сектор, а во насока на достигнување просечни годишни стапки на раст од над 5 %. Приоритетни области се подобрување на конкуреноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, а се насочени во повеќе приоритетни области како што се зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичка инфрастуктура и човечки капитал, како и социјална кохезија

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk