Home » Беса нема да гласа за уставни измени

Беса нема да гласа за уставни измени

by Журнал.мк

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели влидерот на движењето Биљал Касами.

Во интервју за РСЕ, Касам вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ и за претстојните претседателски избори најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Прашан за уставните измени и зошто БЕСА не учествуваше со свој кандидат во Работната група за уставните измени, Касами рече дека очекувале дека Владата ќе биде поразумна и дека „сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна“.

– Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто? Ние како движење пуштивме формално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите, појасни Касами, во интервју за Радио слободна Европа.

Според Касами, сѐ додека ДУИ и Алијанса за Албанците не гледаат потреба да го отворат ова прашање за да видиме дали има или нема услови за да, како што вели, знаеме и ние со кого да разговараме во иднина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More