6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Берлускони примен во болница поради проблеми со срцето

Најчитани вести

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) итно е примен во болница во Монако поради проблеми со срцето, изјави денеска неговиот личен лекар.

Алберто Зангрило рече дека го видел Берлускони во понеделникот и решил да го префрли во блиската болница бидејќи не сметал дека е мудро да се враќа во Италија, чија граница е на 15 километри од малата град-држава.

Засега е непознато дали е надминат здравствениот проблем.

Поранешниот премиер имаше голема операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простатата.

Тој исто така се зарази од коронавирус во септември минатата година и подоцна рече дека тоа бил најопасниот предизвик во неговиот живот.

Берлускони и натаму е на чело на опозициската партија Форца Италија.

Италија доживува политички хаос откако помалиот коалициски партнер, партијата Италија Вива, ја напушти владата. Медиумите шпекулираат дека Форца Италија може да стапи на сцена и да го врати владиното мнозинството во парламентот за да избегнат предвремени избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести