37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Берлускони во болница, причината засега непозната

Најчитани вести

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони (84), е во болница од понеделникот и нема да присуствува на јавни настани во блиска иднина, соопштија денеска два добро информирани извора.

Не е познато зошто медиумскиот тајкун е хоспитализиран, но еден од двата извора тврди дека не е ништо сериозно, пренесува „Ројтерс“.

Берлускони утрово не се појави на рочиште во Милано, во врска со еден случај во кој е вмешан.

Тој на почетокот на годинава имаше проблеми со срцето поради што беше итно хоспитализиран во болница во Монако, каде престојувал во тој период.

Поранешниот италијански премиер во 2016 година имаше посериозна операција на срцето, а подоцна преживеа и карцином на простата, а во септември минатата година водеше битка и со Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести