23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Бериша: Скопје не е пречка за Тирана на патот кон ЕУ

Најчитани вести

Поранешниот Преседател и Премиер на Албанија, Сали Бериша за Новинската Агенција Журнал, изјавил дека Тирана не го гледа како пречка Скопје во евроатланскиот пат на Албанија.

“Скопје не беше и не е пречка за отворање на преговорите со ЕУ за Албанија. Скопје ги исполни сите барања на Европската комисија и земјите-членки и дека во 2019 година земјите-членки, освен Франција, беа за отворање на преговорите на ЕУ со Северна Македонија. Но, ветото на Франција ја блокираше одлуката и како што објасни самиот претседател Макрон, тој ја блокираше Северна Македонија затоа што не сакаше да ја изолира и да ја остави само Албанија надвор од процесот. Во моментов, Северна Македонија е блокирана само од Бугарија за билатерални проблеми, а Албанија, со исполнување на условите, нема да биде спречена да ги отвори преговорите поради Северна Македонија“, вели Бериша.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести