-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Бен Афлек за роденден ѝ подари на Џенифер Лопез накит вреден 45.000 долари

Најчитани вести

Глумецот Бен Афлек ѝ подарил на својата девојка Џенифер Лопез, накит вреден 45.000 долари, за нејзиниот 52 роденден. Тие роденденот го прославија на јахта на југот на Франција, а како што пренесува „Дејли Мејл“, Бен се одлучил за накит кој ја симболизира нивната врска.

„Бен сакаше да ѝ купи на Џенифер нешто посебно за роденден. Не сакаше само да го купи најголемиот дијамант што може да го најде, туку сакаше парчето накит што ќе ѝ го подари да има приказна“, изјавил Бет Бугдакеј човекот кој го изработил ѓерданот.

Лопез и Афлек остануваат топ тема во светските медиуми откако се смирија по повеќе од 15 години од раскинувањето. Тие ја обновија својата љубов откако претходно Џеј Ло се раздели со американската бејзбол ѕвезда Алекс Родригез.

Џенифер ќе се пресели целосно во Лос Анџелес за да биде поблиску до Бен, а двојката моментално бара заеднички дом.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com