4 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

„Бентли“ на иднината ќе може да го прилагоди возењето на расположението на возачот

Најчитани вести

„Бентли“ го претстави својот прв концепт на самовозечки автомобил, кој ќе може да го процени расположението на возачот и да му достави храна за да го развесели.

„EXP 100 GT“ е дел од одбележувањето на стогодишнината на компанијата и ја покажува нејзината визија како ќе изгледа луксузниот превоз во 2035 година. Неговите футуристички уреди се базираат на технологијата што „Бентли“ веќе ја развива.

„EXP 100 GT“ е целосно електричен автомобил, кој во внатрешноста ќе има напреден асистент со вештачка интелигенција, способен да го почувствува „биометриското расположение“ на возачот, следејќи му ги крвниот притисок и движењата на главата. Тој потоа ќе ги подесува стилот на возењето, амбиентот, осветлувањето, па дури и миризбата во автомобилот, за да одговараат на темпераментот на возачот. За таа цел, „Бентли“ ќе обезбеди и касети со грицки, прочистена вода, чиста облека и предмети за патување.

Планирано е автомобилот да биде полуавтономен, за да се зачува радоста на возењето во претстојната самовозечка ера, а со едно полнење на батериите, тој ќе може да помине околу 700 километри.

Возилото ќе биде опремено и со надворешни камери, кои ќе го снимаат патувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести