Денеска на бензинските пумпи се точи поскап бензин по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за новите цени на бензините. Дизелот останува со истата цена.
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапеа за 0,50 денари по литар или од денеска цените за литар на овие бензини е 72, односно 74 денари.
Дизел горивото и маслото за горење остануваат 63 денари по литар, додека мазутот е 37,719 денари по килограм.