Home » Бензините ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, најави претседателот на РКЕ

Бензините ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, најави претседателот на РКЕ

by Журнал.мк

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот и понатаму ќе остане иста, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот.

Од РКЕ потврдуваат дека предлог цените кои треба да се донесат на седница предвидуваат намалување на цената на бензините и најавуваат дека новите цени ќе бидат објавени денеска околу 12:30 часот на веб-страницата на Регулаторната комисија.

Со последната одлука што ја донесе РКЕ во петокот на 15 јули цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 102,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 се продава за 104,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 98 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС изнесува 50,903 денари за килограм.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk