Home » Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар

Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар

by Журнал.мк

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,805 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,354 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар кои кај бензините се намалени во просек за 1,048 отсто, а кај дизелот зголемени за 0,668 отсто, како и за 0,059 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk